logo
logo
logo

ЕК за предлогот на Путин за времена администрација во Украина: Не ја коментираме пропагандата

Vecer | 28.03.2025

ЕК за предлогот на Путин за времена администрација во Украина: Не ја коментираме пропагандата

Запрашана за коментар на ЕУ на предлогот на Путин за ставање на Украина под времена администрација на ОН, со цел да се овозможи одржување нови избори во земјата, Хипер изјави дека рускиот претседател е криминалец по кога е распишана меѓународна потерница и ЕУ нема да обрнува внимание или да коментира какви било прашања поврзани со неговата пропаганда. 

- Погледнете ги фактите. Факт е дека имаме агресор, ја имаме Украина, која не покажува ништо друго освен добра волја за мир и тука сме ние со нашата поддршка за Украина. Нашиот фокус е да се осигураме дека ќе имаме праведен и траен мир, рече Хипер. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, главната портпаролка на Европската комисија, Паула Пињо додаде дека претседателот на Украина, Володимир Зелински е легитимно и демократски избран и дека се додека украинскиот народ не бара нови избори, никој друг не може да предлага нешто такво. 

Путин го изнесе предлогот за ставање на Украина под администрација на ОН вчера за време на состанокот со војници на нуклеарна подморница во руската базата во Архангелск. 

- Таква практика постои и во принцип, се разбира, може да се разговара за можноста за привремена администрација на ОН со САД, европските земји и, се разбира, и со нашите партнери и пријатели, рече Путин. 

Целта на таа времена администрација, според него, би била да се одржат демократски избори по кои „на власт ќе дојде влада способна да работи на мировен договор“. - Потоа ќе почнеме преговори за мировен договор, ќе потпишеме легитимни документи кои се признати во светот и се безбедни и стабилни, рече Путин. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk