logo
logo
logo

ЕК: Русија не смее да биде наградена за агресијата врз Украина

Vecer | 13.02.2025

ЕК: Русија не смее да биде наградена за агресијата врз Украина

- Ништо не може да се одлучува за Украина без Украина, истакна портпаролот, додавајќи дека секој праведен и траен мир мора да ги вклучи Киев и ЕУ во преговорите.

Тој нагласи дека потенцијалниот мировен договор мора да ја гарантира територијалната целовитост, суверенитетот и независноста на Украина.

- Лош договор би значел повеќе војна. Нашата задача е да ја поддржиме Украина, рече тој, најавувајќи дека на претстојната Минхенска безбедносна конференција ќе учествуваат претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според портпаролот, Европската Унија не била информирана за разговорот меѓу Трамп и Путин и не била консултирана за неговото одржување. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk