logo
logo
logo

Египет сака да го уреди Суецки Канал за двонасочен сообраќај

Vecer | 16.02.2022

Египет сака да го уреди Суецки Канал за двонасочен сообраќај

Тој додаде дека би било прескапо да се прошири каналот долг 190 километри, што ги поврзува Црвено и Средоземно Море, па затоа ќе се продлабочува само делот што ќе овозможи двонасочен сообраќај од сегашните 75 на 85 километри. Според него целата на проширувањето е безбедност на сообраќајот.

Во втората фаза ќе се проширува каналот 30 километри од јужниот влез за 40 метри и ќе се продлабочува два метра, во делот каде минатата година заглави бродот „Евер Гивен".

– Тоа е тежок дел од каналот, на тоа место продлабочувањето и проширувањето на свиоците во каналот ќе се израмнат и ќе се намали влијанието на јужните ветрови, посочи Рабие.

Проектот ќе чини три милијарди египетски фунти (околу 191 милион долари), а предвидено е да заврши до крајот на јуни 2023 година. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk