logo
logo
logo

„Русија ИНСИСТИРА на ослободување на Мадуро од САД“

Vecer | 25.01.2026

„Русија ИНСИСТИРА на ослободување на Мадуро од САД“

Русија инсистира на ослободување на соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој, според Москва, бил заробен и однесен од Венецуела во Соединетите Американски Држави.

Ова го изјави денес заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков во интервју за агенцијата ТАСС.

„Првиот чекор, без кој сè друго останува чисто хипотетички, е ослободувањето на Мадуро и неговата сопруга (Силвија Флорес). Но, бидејќи тоа (апсењето на претседателот) веќе се случи, потребно е да се инсистира на ослободување на претседателот на Венецуела“, рече Рјабков.

Одговарајќи на прашањето дали Русија би била подготвена да му даде азил на Мадуро доколку биде ослободен, Рјабков изјави дека прашањето за понатамошните чекори е „специјално“ и дека засега нема причина да се зборува за тоа.

Соединетите Американски Држави извршија воен напад врз Каракас на 3 јануари, кога ги уапсија претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес и ги префрлија во Њујорк, каде што им се суди за наводна вмешаност во трговија со дрога.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk