logo
logo
logo

Едно дете почина, 20 лица се хоспитализирани во епидемија на мали сипаници во Тексас

Vecer | 01.03.2025

Едно дете почина, 20 лица се хоспитализирани во епидемија на мали сипаници во Тексас

Одделот за здравство на државата Тексас потврди дека се пријавени 146 случаи на мали сипаници од почетокот на епидемијата кон крајот на јануари, со центар во округот Гејнс.

Здравствените власти предупредија дека епидемијата во Западен Тексас продолжува да се шири во централниот дел на државата и соседното Ново Мексико, пренесува NBC News.

Официјални лица во централниот дел на државата ги следат случаите на сипаници откако заразено лице патувало од округот Гејнс до Сан Маркос и Сан Антонио на Денот на вљубените.

Лицето го посетило Универзитетот во Тексас во кампусот во Сан Антонио и неколку ресторани и продавници.

Кетрин Велс денеска изјави дека повеќето членови на заедницата се вакцинирани, но очекува повеќе случаи, со особено загрозени училишни деца.

Најголем дел од хоспитализираните пациенти се деца, а се соочуваат со сериозни проблеми со дишењето и дехидрација, предупредуваат лекарите.

Луѓето се заразни од четвртиот ден пред да се појави осипот до четвртиот ден по исчезнувањето на осипот, додава NBC.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk