logo
logo
logo

ПОРАДИ ГОЛЕМИТЕ ГУЖВИ - ЕУ го одложи фотографирањето и земањето отпечатоци на граница

Vecer | 03.02.2026

ПОРАДИ ГОЛЕМИТЕ ГУЖВИ - ЕУ го одложи фотографирањето и земањето отпечатоци на граница

Целосната имплементација на системот за влез/излез (EES) на Европската унија е одложена од април за септември 2026 година поради страв од сериозен метеж на границите во текот на летната туристичка сезона, потврди Европската комисија.

EEС почна постепено да се применува од октомври 2025 година, но на аеродромите и пристаништата веќе се појавија значителни проблеми, вклучувајќи долги редици, доцнења и пропуштени летови. Патниците од земјите надвор од ЕУ мора да оставаат биометриски податоци, што значително го зголеми времето на чекање.

Според ACI Europe, времето на обработка на патниците на некои аеродроми е зголемено и до 70 отсто, а во екстремни случаи и до три часа. Аеродромот во Лисабон во декември привремено го суспендираше EEС поради чекања до седум часа.

Европската комисија соопшти дека одложувањето ќе им овозможи на земјите-членки поголема флексибилност, а во меѓувреме патниците и натаму ќе добиваат печати во пасошите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk