logo
logo
logo

Израел ги затвора границите по безбедносни причини

Vecer | 18.06.2025

Израел ги затвора границите по безбедносни причини

Властите во Израел донесоа одлука за забрана на сопствените државјани да ја напуштаат земјата, како резултат на влошената безбедносна ситуација што произлегува од засилените тензии со Иран.

Домашните авиокомпании добиле наредба да не дозволуваат качување на израелски државјани на летови за излез од земјата, поради стравување од можни ирански одмазднички напади врз аеродромите. Главниот аеродром Бен Гурион останува затворен додека мерката е на сила.

Министерката за сообраќај, Мири Регев, информираше дека излез од земјата сега е дозволен само за оние што не поседуваат израелско државјанство, како дипломати и туристи. Таа најави дека е во подготовка организирана акција за враќање на над 100.000 израелски граѓани кои во моментов се наоѓаат во странство и дека враќањето ќе се спроведе етапно и според однапред утврден план.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk