logo
logo
logo

Трамп: НЕ СУМ ЗАДОВОЛЕН ОД НОВИОТ ВРХОВЕН ЛИДЕР НА ИРАН

Vecer | 09.03.2026

Трамп: НЕ СУМ ЗАДОВОЛЕН ОД НОВИОТ ВРХОВЕН ЛИДЕР НА ИРАН

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во интервју за „Њујорк пост“ дека „не е задоволен“ од новиот врховен лидер на Иран, Моџтаб Хамнеи, .

Во разговор за таблоидот, Трамп ја отфрли и можноста за непосредно распоредување на американската војска во подземниот објект за збогатување ураниум на Иран во близина на Исфахан.

Трамп веќе му се закани

„Сè уште не сме донеле никакви одлуки за тоа. Не сме ни блиску до донесување какви било одлуки“, рече Трамп, кој претходно рече дека „новиот лидер нема да трае долго без наше одобрение“, освен ако Американците и Израел не го сметаат за погоден за соработка. Израел веќе го означи како цел за ликвидација кој било од новоизбраните лидери на Иран.

„Нема да ви кажам“, одговори Трамп кога беше прашан за неговите планови за помладиот Хамнеи.

„Нема да ви кажам. Не сум задоволен од него“.

Минатата недела, Трамп рече дека „синот на Хамнеи е незначаен“ и дека тој „мора да биде вклучен во номинацијата, како со Делси Родригез во Венецуела“.

Го наследи својот татко

56-годишниот Хаменеи стана нов врховен лидер на Иран во текот на викендот, само третиот што ја извршува оваа функција од Исламската револуција во 1979 година. Иранските власти го опишаа неговото назначување како чекор кон зајакнување на националното единство.

Ајатолахот Али Хамнеи, претходниот врховен лидер и татко на Моџтаба Хамнеи, ја извршуваше функцијата 37 години.

Заеднички воздушен напад на САД и Израел на 28 февруари ја погоди неговата резиденција во Техеран, при што загина 86-годишниот лидер. Според иранските власти, мајката на Моџтаба, сопругата и еден од неговите синови исто така беа убиени во нападот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk