logo
logo
logo

ХАОС ВО ОРМУТ: Иранската гарда ПУКАШЕ КОН ТАНКЕРИ, теснецот е целосно блокиран!

Vecer | 18.04.2026

ХАОС ВО ОРМУТ: Иранската гарда ПУКАШЕ КОН ТАНКЕРИ, теснецот е целосно блокиран!

Трговските бродови кои денеска се обидоа да поминат низ стратешкиот Ормутски Теснец се соочија со оган од иранската морнарица и децидни пораки дека преминот е повторно затворен, пренесува Ројтерс.

Според поморски извори и безбедносни агенции, најмалку два брода пријавиле дека биле цел на истрели додека се наоѓале во водите меѓу островите Кешм и Ларак.

Иако само ден претходно беше објавено известување дека преминот ќе биде дозволен низ специфични рути, ситуацијата на теренот драстично се промени. Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO) прими извештај за инцидент во кој два воени брода на Иранската револуционерна гарда му пристапиле на нафтен танкер и отвориле оган кон него. Капетанот потврди дека екипажот е безбеден, а бродот веднаш го променил курсот. Сличен инцидент бил пријавен и од контејнерски брод.

Иранската морнарица преку радио врска (VHF) емитува порака до сите пловни објекти во која директно ги обвинува САД за пропаѓање на преговорите:

„Внимание до сите бродови: Поради неуспехот на американската влада да ги исполни своите обврски во преговорите, Иран прогласува дека Ормутскиот Теснец е повторно целосно затворен. Ниту еден брод од кој било тип или националност нема дозвола за поминување.“

Во моментов, стотици бродови и околу 20.000 морепловци се блокирани во Заливот, чекајќи дозвола за премин низ оваа клучна сообраќајница преку која поминува 20% од глобалниот проток на нафта и течен природен гас. Оваа блокада се заканува да предизвика нов шок на светските енергетски пазари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk