logo
logo
logo

ПОЛИЦИЈА УПАДНА ВО ЕВРОПСКАТА ВЛАДА! Се сомнева во корупција со земјиште

Vecer | 12.02.2026

ПОЛИЦИЈА УПАДНА ВО ЕВРОПСКАТА ВЛАДА! Се сомнева во корупција со земјиште

Белгиската полиција изврши претрес во просториите на Европската комисија во Брисел, во рамки на истрага за можни неправилности поврзани со продажба на недвижен имот во сопственост на Европската Унија.

Акцијата се одвивала во утринските часови и опфатила повеќе објекти, меѓу кои и одделот задолжен за буџетот, пренесува „Фајненшл тајмс“. Според објавените информации, под лупа е трансакција од 2024 година, кога 23 згради биле продадени на белгискиот државен инвестициски фонд SFPIM за сума од 900 милиони евра.

Истрагата ја води Европското јавно обвинителство (EPPO), институција надлежна за гонење кривични дела што ги загрозуваат финансиските интереси на ЕУ. Портпаролката Тине Холвет потврди дека во тек се активности за прибирање докази, но без дополнителни детали за да не се наруши постапката.

Случајот се однесува на периодот кога за буџетот на ЕУ бил надлежен Јоханес Хан, кој ја извршуваше функцијата до 2024 година. По завршувањето на мандатот, тој беше назначен за специјален претставник на ЕУ за Кипар.

Белгиската федерална полиција, OLAF и фондот SFPIM засега не даваат коментари. Истрагата продолжува, а официјални обвиненија сè уште нема.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk