За време на големата полициска акција во саботата вечерта, привремено се одземени два автомобила поради голема брзина.
Се работи за млади возачи од Македонија од областа Линц-Ланд – а возеле 84 и 121 км/ч побрзо од дозволеното.
Полициски службеници извршиле ласерски мерења во областа на Салцбургерштрасе во Линц, а како што пишуваат тамошните медиуми, веројатно и органите на редот останале зачудени, бидејќи покажало дека 20-годишен македонски државјанин во мерцедес Ц-250 возел неверојатни 154 км/ч наместо дозволените 70 км/ч.
Тажниот рекорд го собори и 21-годишен сограѓанин од Хаид кој дури се тркал низ зона 70 со своето BMW 530d со 191 km/h. Тој возел 121 km/h побрзо од дозволеното.
Двете возила се привремено одземени, како и нивните возачките дозволи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата