logo
logo
logo

КИЕВ ГО ЕСКАЛИРА КОНФЛИКТОТ: Кремљ тврди дека Путин ова му го рекол на Папата во телефонскиот разговор

Vecer | 04.06.2025

КИЕВ ГО ЕСКАЛИРА КОНФЛИКТОТ: Кремљ тврди дека Путин ова му го рекол на Папата во телефонскиот разговор

Рускиот претседател Владимир Путин денес имаше телефонски разговор со папата Лав XIV за војната во Украина, велејќи дека сака да постигне мир преку „дипломатски“ средства, но исто така го обвини Киев дека се обидува да го „ескалира“ конфликтот.

„Владимир Путин го привлече вниманието на фактот дека режимот во Киев смета на ескалација на конфликтот и врши саботажа на цивилната инфраструктура на руска територија“, објави Кремљ по разговорот.

Ројтерс потсетува дека ова е првиот разговор меѓу новиот папа и рускиот лидер.

Путин „го повтори својот интерес за постигнување мир преку политички и дипломатски средства, нагласувајќи дека за да се постигне конечно, праведно и сеопфатно решение на кризата, потребно е да се елиминираат нејзините длабоки причини“, додаде Кремљ.

По две рунди директни преговори со Киев во Истанбул, Москва продолжува да поставува максималистички барања за крај на својата офанзива, барајќи предавање на четири региони што Русија ги освоила од почетокот на нејзината инвазија.

„Конструктивен разговор“

Украина тврди дека Кремљ учествува во овие преговори само за да го задоволи американскиот претседател Доналд Трамп и да го одложи воведувањето на нови санкции од САД.

За време на „конструктивниот“ разговор со новиот папа, Путин ја критикуваше и одлуката на Киев од 2024 година да ја забрани православната црква под Московската патријаршија, која претходно имаше најмногу следбеници во Украина, објавува Франс Прес.

Рускиот претседател го повика првиот американски папа „поактивно да се вклучи во промовирањето на слободата на религијата во Украина“.

Во последните недели, Ватикан беше понуден како место за можни мировни преговори меѓу Русија и Украина.

Путин затоа му изрази „благодарност“ на Папата „за неговата подготвеност да придонесе за решавање“ на конфликтот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk