logo
logo
logo

ОВА Е ПРИЧИНАТА ЗА СУДИР НА ВОЗОВИТЕ ВО ШПАНИЈА - се е во ред само крајот е во неред

Vecer | 19.01.2026

ОВА Е ПРИЧИНАТА ЗА СУДИР НА ВОЗОВИТЕ ВО ШПАНИЈА - се е во ред само крајот е во неред

▪️ Потврдени се 39 мртви и 122 повредени.

▪️ Во Шпанија се прогласени три дена официјална жалост.

▪️ Премиерот Педро Санчез го откажа учеството на Светскиот економски форум во Давос.

▪️ Поминале само 20 секунди помеѓу излетувањето од шините на возот Ирио, кој сообраќаше на релацијата Малага-Мадрид и ја презеде спротивната пруга, и судирот на возот Алвија, кој се движеше кон главниот град. Овој временски интервал не бил доволен за да се активира системот за сопирање, што го исклучува човечкиот фактор како причина за несреќата, соопштија властите.

▪️ Ниту еден од возовите не ја надмина дозволената брзина на тој дел од пругата.

▪️ Излетаниот воз Ирио имал технички преглед на 15 јануари и бил во употреба помалку од четири години.

▪️ Делот од железницата каде што се случи несреќата беше целосно реконструиран во мај 2025 година, по цена од 813,5 милиони долари.

▪️ Според прелиминарната анализа, трагедијата е предизвикана од дефект во задниот дел од возот Ирио.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk