logo
logo
logo

Нападната американска фабрика во Украина! Зеленски и Путин сепак тет-а-тет? Или не?

Vecer | 21.08.2025

Нападната американска фабрика во Украина! Зеленски и Путин сепак тет-а-тет? Или не?

Војна во Украина – 1275. ден. Во раните утрински часови, започна напад врз фабриката на американската компанија Флекс во Мукачево, Закарпатска област.

Бројот на повредени врз американската компанија е зголемен

Бројот на повредени врз фабриката на американската компанија Флекс во Мукачево се зголеми на 23, објави Мирослав Билецки, началник на Воената администрација на Закарпатската област.

- Шест пациенти се уште се во болница со рани од шрапнели и повреди на екстремитетите, стомакот и главата. Сите се во стабилна состојба, а еден пациент е опериран, рече Билецки.

Останатите повредени добиле амбулантска нега, претежно поради акутни стресни реакции, висок крвен притисок и полесни повреди.

Билецки рече дека разговарал со инвеститорот и директорот на фабриката. Тие разговарале за можноста за преместување на производството и, како приоритет, обезбедување работни места за оние кои ги загубиле своите работни места, што се однесува на околу 2.500 вработени.

„Ова е стратешка компанија за Закарпатија. Само од почетокот на годината, таа платила над 285 милиони гривни (околу 7 милиони американски долари) даноци, кои се насочени кон развој на областа. Нема да дозволиме окупаторите да ги уништат темелите што се градени со години.“

Во своето вечерно обраќање, претседателот Володимир Зеленски го нарече нападот „руски напад врз фабриката во Мукачево насочен напад врз американските средства и инвестиции“.

Американскиот претседател Доналд Трамп сака украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот лидер Владимир Путин прво да се сретнат еден на еден, по што ќе организира трилатерален состанок на кој ќе учествува и тој, пишува Гардијан повикувајќи се на извори.

Орбан се огласи по рускиот напад: „Само мир“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан издаде соопштение за најновиот напад врз регионот Закарпатија на западот од Украина, каде што фабрика во сопственост на американската компанија Флекс беше погодена во раните утрински часови во градот Мукачево.

Орбан во своето соопштение истакна дека „мировните напори и процесот на преговори што ги иницираше претседателот Трамп мора да продолжат. Само мир!“

Унгарскиот премиер рече дека неговата влада ги разгледува „последиците од рускиот ракетен напад врз Мукачево“.

Орбан додаде дека му наложил на министерот за внатрешни работи да ги подготви болниците во Дебрецен и Њиреѓхаза за да ги примат повредените, но, како што рече, „за среќа, немало потреба за тоа“.

Според неговите зборови, министерот за надворешни работи Петер Сијарто одржал консултации со претставниците на унгарската заедница во Закарпатија, на кои унгарската влада им понудила помош.

Од почетокот на војната, унгарската влада не обезбедува помош на украинските одбранбени сили и не дозволува премин на оружје низ нејзината територија, штититејќи Закарпатија од руски напади.

Денешниот ракетен напад е веројатно првиот што намерно погодил објект во Закарпатија.

Унгарскиот претседател Тамаш Суљок изрази сочувство до погодените од рускиот напад врз објектот во Мукачево, но подоцна го отстрани зборот „руски“ од својата објава на Фејсбук.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk