Американскиот универзитет Харвард во петокот доби писмо од администрацијата на Трамп со низа барања поврзани со запослување, упис и наставна програма.
Барањата беа толку тешки што претставниците на универзитетот одлучија дека немаат друг избор освен да се спротивстават на Белата куќа.
Според три лица запознаени со ситуацијата, писмото било испратено од вршителот на должноста главен правен советник на Одделот за здравство и човечки услуги во Белата куќа, Шон Кевини, пишува Њујорк Тајмс.
Не е јасно што ја натерало администрацијата на Трамп да го испрати ова писмо со барање на адресата на престижниот Харвард.
Според неименувани, добро информирани извори на Њујорк Дејли, содржината на писмото е автентична, но во администрацијата на Трамп имало разлики во мислењата за писмото бидејќи некои претставници на Белата куќа верувале дека писмото било испратено предвреме.
Писмото дојде во време кога претставниците на Харвард веруваа дека сè уште е можно да се избегне конфронтација со претседателот Трамп.
Според извори на Њујорк тајмс, барањата во писмото се толку екстремни што Харвард заклучил дека на крајот нема да може да се постигне договор.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата