logo
logo
logo

МАКЕДОНИЈА ГЛАСАШЕ ЗА: Усвоена резолуција која повикува на мир во Украина

Vecer | 25.02.2026

МАКЕДОНИЈА ГЛАСАШЕ ЗА: Усвоена резолуција која повикува на мир во Украина

Генералното собрание на Обединети нации денеска усвои резолуција, со која се повикува на сеопфатен, праведен и траен мир во Украина.

Резолуцијата ја поднесе Украина со повеќе од 45 држави коспонзори, а усвоена е со 107 гласови „за“ меѓу кои и Македонија, 12 „против“, меѓу кои и Русија, и 51 „воздржани“ меѓу кои и САД.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на платформата Икс се заблагодари до 107-те земји кои денеска застанаа покрај Украина во одбрана на животот.

Генералното собрание ја усвои нашата резолуција во поддршка на траен мир со јасни повици за целосен прекин на огнот и враќање на нашите луѓе. Ова се соодветни и неопходни чекори и ние ќе продолжиме активно да работиме за постигнување мир со нашите партнери, наведе Зеленски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk