Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „нема да биде лицето кое ќе го потпише мировниот договор“, додавајќи дека Зеленски нема легитимитет.
„Дури и ако остане во својот кабинет некое време, „со сите негови пороци“, тој нема да биде лицето кое ќе го потпише мировниот договор“, напиша Медведев на својот канал на руската платформа Макс, со остри критики кон украинскиот лидер, пренесува РИА Новости.
Меѓу другото, Медведев нагласи дека Зеленски е „нелегитимен“ и дека „крах на украинскиот систем е неизбежен“.
Порано денес, Зеленски потпиша указ за разрешување на шефот на неговиот кабинет, Андрије Јермак.
Претходно, пратеникот на украинскиот парламент, Врховната рада, Јарослав Железњак, објави дека Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САП) спроведуваат претрес во неговите канцеларии, како дел од корупцискиот скандал во енергетскиот сектор.
НАБУ потврди дека се вршат претреси, наведувајќи дека дејствијата се спроведуваат како дел од истрагата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата