logo
logo
logo

ИРАН СИ ИМА СВОЈ ЗАЕВ: Принцот во егзил Пахлави зборува со ,,внук на Хитлер” за да се види со канцеларот Мерц (ВИДЕО)

Vecer | 04.03.2026

ИРАН СИ ИМА СВОЈ ЗАЕВ: Принцот во егзил Пахлави зборува со ,,внук на Хитлер” за да се види со канцеларот Мерц (ВИДЕО)

Во својата најнова измама или шега популарно наречена ,,Пранк”, руските шегаџии Вован и Лексус, претставувајќи се како претставници на германскиот канцелар Фридрих Мерц, успеале да го убедат потенцијалниот иден лидер на Иран Реза Пахлави да учествува во видео разговор.

И покрај јасните предупредувачки знаци, како што се силниот руски акцент и лажните мустаќи на еден од шегаџиите кој се претставувал како Адолф, Пахлави верувал дека разговорот е вистински.

За време на повикот, лажниот „германски претставник“ му рекол на Пахлави дека Германија ќе им се придружи на САД и Израел во бомбардирањето на Иран. Пахлави го поздравил ова, велејќи дека е важно САД и Израел да не бидат сами во нивната „крстоносна војна“ против Иран.

Откако соработниците на Пахлави откриваат дека се работи за ,,местенка” разговорот завршува а руските пранкери се смеат.

Претходно жртви на Вован и Лексус биле многу светски политичари, меѓу нив и Зоран Заев.

Видеото од пранкот со Пахлави, бујрум

Руските пранкери своевремено го прогласија Заев за „најглупавиот јунак“ во многу силна конкуренција Тие успеаја да го надмудрат Заев претставувајќи се како „Петар Порошенко“ и воспоставија комуникација со него. Шегаџиите тврдат дека снимката од разговорот со Порошенко ја чувале во тајност околу една година, додека Заев несвесно продолжил да комуницира со нив.Наивноста на Заев доведе до тоа тој да испраќа фотографии од неговите официјални средби, да дава контакти на косовски политичари, па дури и да ги „спамира“ шегобијците 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk