logo
logo
logo

Ѕвоната на Нотр Дам во Париз се огласија 88 пати во чест на папата Франциск (ВИДЕО)

Vecer | 21.04.2025

Ѕвоната на Нотр Дам во Париз се огласија 88 пати во чест на папата Франциск (ВИДЕО)

Напладне во Нотр Дам се одржа миса, а градските власти вечер ќе ги изгаснат светлата на Ајфеловата кула во спомен на папата, пренесува Ројтерс. Ватикан претходно денеска преку видео објави дека папата Франциск починал на 88-годишна возраст.

Тој беше првиот латиноамерикански врховен поглавар на Римокатоличката црква. Папата страдаше од разни болести во текот на 12-те години што ги помина на чело на Римокатоличката црква.

Во февруари тој беше примен во болница со тешка респираторна инфекција, каде што првично беше лекуван од бронхитис, а потоа му беше дијагностицирана билатерална пневмонија.

Поради лекарски препораки, тој не ја предводеше вчерашната велигденска богослужба, туку се појави на крајот за да го даде традиционалниот благослов. Во својата велигденска порака тој повика на прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците кои ги држи Хамас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk