logo
logo
logo

Џеј Ди Венс исвиркан на отворањето на Олимпијадата, Калас тврди дека тоа било знак на европска гордост (ВИДЕО)

Vecer | 09.02.2026

Џеј Ди Венс исвиркан на отворањето на Олимпијадата, Калас тврди дека тоа било знак на европска гордост (ВИДЕО)

Исвиркувањата упатени до потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, на Зимските олимписки игри се показател за „европска гордост“ по серијата критички коментари од американските претставници за Европа, изјави денес шефицата на европската дипломатија, Каја Калас.

Венс и неговата сопруга Уша беа исвиркувани на стадионот Сан Сиро во Милано минатата недела кога накратко се појавија на големиот екран мавтајќи со американски знамиња за време на церемонијата на отворање на Игрите, пишува Политико.

Кога беше прашана за свиркувањата, Калас одговори: „Би рекла дека слушнавме многу не многу убави зборови за Европа од Соединетите Американски Држави“. Таа додаде: „Секако, и нашата јавност има гордост, европска гордост. Тоа сега се покажа“.

Тензии пред безбедносната конференција

Изјавите ги одразуваат затегнатите односи меѓу ЕУ и САД пред Минхенската безбедносна конференција (MSC) оваа недела, каде што европските лидери ќе се сретнат со членови на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. На минатогодишната конференција, Венс ги шокираше многу Европејци со остри критики кон ЕУ, која ја обвини за задушување на слободата на говорот и загрозување на опстанокот на цивилизацијата поради миграцијата.

Венс и други претставници на администрацијата на Трамп продолжија да даваат потценувачки коментари, а потпретседателот неодамна ги обвини Европејците за двојни стандарди. „Европејците се толку пријателски настроени приватно и подготвени да направат многу отстапки, а потоа јавно нè напаѓаат и велат: „Нема да работиме со Американците. Нема да правиме ништо со Американците“, рече Венс во интервју во саботата. „Жал ми е. Се е лага.“ Коментарите дојдоа откако Трамп се закани дека ќе го преземе Гренланд, самоуправна данска територија на Арктикот.

Венс не доаѓа во Минхен

И покрај поканата, Венс не планира да присуствува на овогодинешната Минхенска безбедносна конференција, објавија Блумберг и Фокс њуз. Наместо него, американската делегација на конференцијата ќе ја предводи американскиот шеф на дипломатијата, Марко Рубио, потврди претседателот на MSC, Волфганг Ишингер, пред новинарите денес во Берлин.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk