logo
logo
logo

Џеј Ди Венс и Дејвид Леми ќе се сретнат со украинските и европските сојузници

Vecer | 09.08.2025

Џеј Ди Венс и Дејвид Леми ќе се сретнат со украинските и европските сојузници

Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ќе се сретнат денеска во Велика Британија со украинските и европските сојузници за да разговараат за мировните иницијативи што ги почна американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти портпаролот на британската Влада.

Пред состанокот, британскиот премиер Кир Стармер разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, се наведува во соопштението.

Стармер и Зеленски разменија мислења за предлозите на Трамп за прекин на војната во Украина, во пресрет на планираните преговори со неговиот руски колега на 15 август во Алјаска. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk