logo
logo
logo

Дводневно примирје во Украина по разговор Трамп–Путин

Vecer | 30.01.2026

Дводневно примирје во Украина по разговор Трамп–Путин

Кремљ соопшти дека ќе го ќе се воздржи од напади два дена, иако американскиот претседател во телефонскиот разговор со рускиот колега побарал седум додека траат екстремно ниските температури во Украина, каде што илјадници жители со недели се без струја поради руските напади врз енергетската структура.

-Се работи за создавање поволни услови за преговори. Да, се разбира тоа беше лично на барање на претседателот Трамп до 1 февруари. , изјави Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ

-Лично го замолив претседателот Путин да не го напаѓа Киев и другите градови една недела и тој се согласи на тоа. И морам да ви кажам беше многу убаво. Многу луѓе рекоа „не си го троши повикот залудно, нема да го добиеш тоа“. Но тој се согласи. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Новата рунда преговори треба да се одржи повторно во Абу Даби, откако таму пред една недела се одржа првата трилатерална средба, но без придвижување за територијалните прашања и статусот на Донбас, кои се клучни за конечен мир. Москва деновививе и формално побара, но не доби признавање на анектираните украински територии во Обединетите Нации, според кои правото на самоопределување не може да се примени. Русија се повикува на косовскиот случај, обвинувајќи ја светската организација за двојни стандарди.

-На Крим имаше референдум, а во Косово немаше. Тие едноставно рекоа „сега Косово е независно“ и со самото тоа ги навредија српскиот народ и историја. , изјави Сергеј Лавров, министер за надворешни работи на Русија.

-Нашиот став е дека принципот на самоопределување не се применува во ситуациите со Крим и Донбас. Во случајов, преовладува принципот на територијален интегритет на Украина. , изјави Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН.

Следниот месец Украина ќе влезе во петтата година од руската инвазија. Во моментов Русија контролира една петтина од нејзината територија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk