Гувернерот на Истанбул, Давут Ѓул изјави дека во моментов нема потреба од евакуација на околните згради, пренесува ТРТ Хабер.

„Во наредниот период, АФАД (Агенција за вонредни ситуации и катастрофи) ќе ја следи ситуацијата и доколку има згради што треба да се евакуираат, тие ќе бидат евакуирани. Доколку има граѓани кои останале надвор, ќе им се понуди сместување, храна и слично“, истакна Ѓул.

Надлежните истакнуваат дека истрагата е сè уште во тек со цел да се утврди точната причина за уривањето, но првичните проценки укажуваат на експлозија на природен гас како најверојатна причина за несреќата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата