Голем дел од Франција вчера ја зафати екстремна жештина, при што највисоко ниво на тревога беше активирано во 16 департмани, вклучувајќи го и Париз. Температурите достигнаа над 41 степен Целзиусов во јужна и централна Франција, додека главниот град регистрира 38 степени, пренесе ДПА.
Локалните медиуми јавија дека некои делови од Франција ги регистрирале највисоките температури некогаш забележани во јули.
Највисокото ниво на тревога, црвено, моментално е во сила само за четири области, иако се очекува температурите да достигнат до 39 степени Целзиусови. Некои училишта остануваат затворени, а се очекува од утре жештината да се намали.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата