logo
logo
logo

Две девојчиња се најдени облеани во крв во шума во Швајцарија, едното не преживеало

Vecer | 12.05.2025

Две девојчиња се најдени облеани во крв во шума во Швајцарија, едното не преживеало

Едната група пронашла мало девојче кое обилно крварело и молело за помош. Минувачите веднаш се јавиле на 911 и таа била однесена во болница. Нејзините повреди не се опасни по живот, објави СвисИнфо.

Речиси во исто време, друга група минувачи пронашле друго девојче како лежи на земја во локва крв.

Луѓето се обиделе да ѝ помогнат, но не можеле да ја спасат и за жал била прогласена за мртва.

Полицијата многу брзо започнала истрага и веднаш претпоставиле дека мора да постои поврзаност помеѓу овие два случаи.

Набрзо се дознало дека двете девојчиња се познавале.

„Ова покрена силно сомневање против девојката и таа ќе биде уапсена“, изјави портпаролот на полицијата.

Во Швајцарија, децата се кривично одговорни кога ќе наполнат десет години.

„Точните околности и мотивот на злосторството сè уште не се познати. Телото на девојчето е испратено на обдукција“, додаде портпаролот.

Двете девојчиња оделе во исто училиште.

Од утрово, луѓето оставаат мечиња и палат свеќи во шумата каде што починало девојчето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk