logo
logo
logo

Двајца загинати во пожарот предизвикан од украинскиот напад врз Енгелс

Vecer | 08.01.2025

Двајца загинати во пожарот предизвикан од украинскиот напад врз Енгелс

Нападот со дронови летала врз индустриски објект во Енгелс предизвика голем пожар, напиша на Телеграм гувернерот на Саратовската област Роман Бусаргин, додавајќи дека едно лице е рането.

- За жал, во гаснењето на пожарот загинаа две лица, пожарникари на Министерството за вонредни состојби, а уште еден е хоспитализиран, информира тој.

Во Енгелс е прогласена вонредна состојба поради ширењето на пожарот, додаде Бусаргин.

Украинската војска претхдно денеска соопшти дека извршила напад врз нафтена база во рускиот град Енгелс. Според Генералштабот на украинската армија, нападот предизвикал повеќе експлозии и голем пожар во нафтениот склад „Кристал“, кој, како што се наведува, е клучен за снабдување на аеродромот „Енгелс-2“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk