logo
logo
logo

Двајца загинати во големите пожари, што пустошат низ Сицилија (ВИДЕО)

Vecer | 23.09.2023

Двајца загинати во големите пожари, што пустошат низ Сицилија (ВИДЕО)

Повторно најтешко е погодено подрачјето на Палермо, кое пред два месеци се гасеше од пожари кои предизвикаа големи штети.

Вчера попладне, зградата 18 од универзитетскиот кампус во главниот град на Сицилија беше евакуирана.

Пожарот дошол блиску до зградата во која се наоѓа Хемиско-физичкиот факултет, а на студентите и професорите им било наредено веднаш да ја напуштат.

Вчера вечер е евакуиран хотел во градот Чефалу на Сицилија. Околу 750 гости на хотелот биле префрлени во салите.

За жал, вчера биле пријавени и две жртви. Жена била пронајдена мртва во канал во близина на автопатот. Се верува дека таа се упатила кон областа за да ги ослободи коњите од шталата.

Еден човек загинал во Трапета при евакуација на некои куќи зафатени од пожарот.

Жителите на предградието Бранкачо поминале уште една непроспиена ноќ на покривите на своите куќи, како што веќе направија во јули кога и оваа област беше зафатена од шумски пожари, пренесува Анса.

Училиштата во Гратери биле затворени, а локалниот градоначалник Џузепе Муфолето ги повикал жителите да преземат мерки на претпазливост во случај пожарот да се прошири.

Канадери интервенираа за да спречат ширење на пожарот во областа Палермо.

Пожарот ја зафатил областа од Гратери до одморалиштето Чефалу. Пожарот ги зафатил и областите околу Месина и Трапани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk