logo
logo
logo

Дуров по грабежот во Лувр: Би го купил украдениот накит и би му го подарил на Лувр во Абу Даби

Vecer | 21.10.2025

Дуров по грабежот во Лувр: Би го купил украдениот накит и би му го подарил на Лувр во Абу Даби

- Никој не краде од Лувр во Абу Даби, напиша тој на Х.

Од парискиот Лувр беа украдени осум парчиња накит кои им припаѓале на француските царици. Грабежот го извршила група од четири лица, од кои две провалиле во музејот, пренесоа француските медиуми.

Лувр е отворен во 1793 година и е најпосетуваниот музеј во светот.

Дуров се врати во Дубаи во март оваа година. Во август 2024 година беше уапсен на аеродромот во близина на Париз, а потоа против него беше покрената официјална истрага со забрана за напуштање на територијата на Франција.

Дуров потврди дека поминал неколку месеци во Франција „поради истрага поврзана со активностите на криминалците на Телеграм“. „Процесот е во тек, но одлично е чувството да се биде дома“, рече тогаш Дуров и им се заблагодари на истражните судии кои дозволиле да ја напушти Франција. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk