logo
logo
logo

Дуда: Трамп ќе ја посети Варшава, најави зајакнување на американското воено присуство во Полска

Vecer | 23.02.2025

Дуда: Трамп ќе ја посети Варшава, најави зајакнување на американското воено присуство во Полска

Тој синоќа се сретна со американскиот претседател на маргините на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (ЦПАЦ) која се одржа во Националниот конгресен центар Гејлорд во близина на Вашингтон.

Дуда на новинарите по средбата им изјавил дека го поканил Трамп во Полска.

- Тој рече дека ќе ја посети Полска. Техничко прашање е да се утврди во кој момент, дали тоа ќе биде посета што ќе биде поврзана со Самитот на иницијативата „Ттри мориња“ или посета што ќе биде поврзана со претстојниот Самит на НАТО во Хаг, рече Дуда.

Белата куќа претходно соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп се сретнал со полскиот претседател Анджеј Дуда и го потврдил блискиот сојуз меѓу двете земји.

- Претседателот Трамп се состана со полскиот претседател Анджеј Дуда и го потврди блискиот сојуз. Претседателот Трамп, исто така, го пофали претседателот Дуда за посветеноста на Полска за зголемување на трошоците за одбрана, соопшти Белата куќа на X.

Разговорот, кој траел помалку од 10 минути, почнал со еден час доцнење без присуство на медиуми или воведни изјави./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk