Околу 200 патници на летот од Шангај кон Токио доживеаја вистински шок кога авионот одеднаш почна да губи висина и за само 10 минути се спушти за околу 25.000 стапки. За време на неочекуваното нурнување многумина биле преплашени: некои изгубиле свест, а други во паника почнале да испраќаат проштални пораки стравувајќи за својот живот.
Драмата била забележана и на видео снимки направени од патници, каде се гледа како од таванот паѓаат маските за кислород, додека членовите на екипажот даваат упатства за нивно користење.
Слушнав слаб шум и маските за кислород веднаш паднаа. Екипажот ни рече да ги ставиме затоа што имало технички проблем во авионот.
Додека спиев изненадно се ослободиле маските за кислород. Почнав да плачам од страв.
Според јапонското министерство за сообраќај, причината за инцидентот било активирање на аларм за губење притисок во кабината, по што авионот од 36.000 стапки морал да се спушти на 10.500 пред да слета безбедно на аеродромот во Осака. За среќа, минало без повредени, а патниците добиле парична надомест и бесплатно сместување.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата