logo
logo
logo

НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ЗОШТО

ДРАМА во автобус кој патувал од Барселона до Босна: СЕДУММИНА патници загубиле свест

Vecer | 24.09.2023

ДРАМА во автобус кој патувал од Барселона до Босна: СЕДУММИНА патници загубиле свест

Туристичкиот автобус кој сообраќал од Барселона, Шпанија, за Босна и Херцеговина, синоќа околу 20 часот, вонредно запрел на автопатот во Франција кај Кан и Ница, бидејќи неколку патници изгубиле свест.

Локалниот весник Нис матен наведува дека возачот го паркирал автобусот на постојката за одмор во Видобан Суд и дека седум од 62 патници во тој момент биле без свест.

 

Се наведува дека француските власти веднаш испратиле голем спасувачки тим, вклучувајќи седум амбулантни возила и пожарникари.

За драмата на автопатот А8 и патниците на кои масовно им се слошило во автобусот, известува и француската телевизија БФМ ТВ, по што возачот повикал помош.

Медиумите од Франција кои ја објавија веста немаат информации што се случило со туристите и зошто биле пронајдени во несвесна состојба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2023 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2023. Vecer.mk