logo
logo
logo

Драма над Балтикот: Унгарски ловци во мисија на НАТО пресретнале пет руски воени авиони

Vecer | 25.09.2025

Драма над Балтикот: Унгарски ловци во мисија на НАТО пресретнале пет руски воени авиони

„Два унгарски ловци „Грипен“, за време на воздушна патрола на НАТО над Балтикот, полетаа од воздухопловната база Шјауљај во Литванија како одговор на летот на руски авиони Су-30, Су-35 и три МиГ-31 во близина на латвискиот воздушен простор“, се вели во соопштението објавено на Платформа X.

Во него се нагласува дека Унгарија ја покажала „својата посветеност кон Алијансата во одбраната на балтичките држави и Источниот крило“, пренесе Киев Индипендент.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претходно изјави дека во секој случај на нарушување на воздушниот простор, вистинската закана за членовите на Алијансата ќе биде внимателно оценета, а одлуките за одговор ќе се донесуваат на индивидуална основа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk