logo
logo
logo

Драма на аеродром: Цариници пронашле калашников во куфер на Украинка

Vecer | 04.06.2025

Драма на аеродром: Цариници пронашле калашников во куфер на Украинка

Овој пат, тие беа шокирани откако го скенираа багажот на неименувана Украинка (38) и ги видоа контурите на автоматска пушка!

Пристигна од Молдавија

Украинката веднаш беше одвоена и била наредена детална проверка на куферот на патничката која пристигна со авион од Молдавија, објавува Билд.

Кога ја прашаа дали станува збор за вистинско оружје, следеше неочекуван пресврт! Жената објасни дека станува збор за играчка што ја купила за својот син.

И навистина, проверката идентификуваше релативно безопасна воздушна пушка, изработена во стилот на рускиот „Калашников“.

Продолжи патувањето со предупредување

„Ова беше специфична ситуација и на прв поглед не можевме да ја препознаеме играчката“, коментираа цариниците.

Бидејќи овие пушки не подлежат на Законот за оружје, Украинката го продолжи своето патување. Цариниците ја предупредиле дека можела да западне во неволја бидејќи играчката не била веднаш препознаена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk