logo
logo
logo

ДПА: ЕУ подготвена да воведе царини на американски стоки во вредност од 109 милијарди долари ако пропаднат преговорите

Vecer | 24.07.2025

ДПА: ЕУ подготвена да воведе царини на американски стоки во вредност од 109 милијарди долари ако пропаднат преговорите

 Земјите членки на Европската Унија ја одобрија предлог-мерката на Европската комисија за можна примена на царини на американски производи во вкупна вредност од 93 милијарди евра (околу 109,4 милијарди долари), доколку не успеат трговските преговори со САД, соопштија дипломатски извори за ДПА.

Мерките вклучуваат веќе усвоен список на производи вредни 21 милијарда евра, како и нова листа со дополнителни стоки вредни 72 милијарди евра.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, неодамна најави воведување на 30 отсто царини на увозот од ЕУ, почнувајќи од 1 август.

И покрај одобрувањето на можни контрамерки, Унијата сѐ уште се надева на договорено решение во спорот со Вашингтон.

Трамп вчера изјави дека САД се подготвени да ги намалат најавените царини доколку ЕУ го отвори пазарот за американски компании.

- Ако се согласат да ја отворат Унијата за американски бизниси, тогаш ќе им наплатиме пониска царина, рече Трамп на настан посветен на вештачката интелигенција. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk