logo
logo
logo

Доктор од Франција е осомничен за сексуално вознемирување на 65 пациентки, на секоја ѝ правел иста грозотија

Vecer | 18.09.2025

Доктор од Франција е осомничен за сексуално вознемирување на 65 пациентки, на секоја ѝ правел иста грозотија

Најстариот од наводните случаи датира од 1990-тите, објавува „Ле Фигаро“.

Осомничениот доктор се појавил во јавноста речиси случајно, откако бил жртва на насилен напад во неговата ординација во септември 2024 година.

Потоа бил брутално претепан од момчето на 20-годишна пациентка, која му кажала на својот партнер за систематскиот, несоодветен преглед на дојките за време на секоја консултација.

Младиот човек бил осуден, но е отворена истрага за да се расветлат постапките на докторот.

Истрагата доверена на жандармеријата во Нант овозможи идентификација на најмалку 65 жртви на несоодветни прегледи.

Докторот не добил согласност од пациентките, од кои многу биле под 25 години и затоа не биле изложени на ризик од рак на дојка.

Осомничениот ги негира обвиненијата.

Извор близок до случајот изјави за „Прес Оушн“ дека докторот наводно само тврдел дека е „опседнат“ со прегледи на дојки.

Според експертите, ниту еден од прегледите не е извршен според препорачаните процедури.

Осомничениот доктор ќе се појави на суд на 10 декември.

Во овој период, му е забрането да контактира со жртвите и да се занимава со медицина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk