Речиси веднаш по веста, и Русија, и Украина меѓусебно се нападнаа со дронови. Сепак, и Вашинтон и Москва се задоволни од телефонскиот разговор, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков информираше дека меѓу двајцата претседатели постои големо разбирање. Во брифинг за новинарите, Песков откри дека покрај за војната во Украина, тема на разговорите биле билатералнитее односи и економоската соработка меѓу САД и Русија. Двајцата како што соопштија руските власти, разговарале дури и за организирање на хокеј меч меѓу претставници од двете земји. Од исходот на разговорите задоволен е и самиот Трамп.
-Мислам дека имавме одличен разговор кој траеше скоро два часа, разговаравме за многу работи, да дојдеме до мир и разговаравме за други работи исто така. / И Путин всушност ми рече, „Ако си ми пријател, не би сакал да ми бидеш непријател“ го кажа тоа, многу силно-- Доналд Трамп – Претседател на САД.
Рускиот претседател Путин пак, ден по разговорите не сподели никакви детали, но затоа даде инструкции сите украински војници кои се уште се наоѓаат на територијата на Русија да бидат третирани како терористи.
-Сите украински војници, а во таа смисла и странските платеници кои се наоѓаат на наша територија, а извршиле злосторства против граѓаните се класифицирани според нашите закони како терористи,- - Владимир Путин – Претседател на САД.
Разговорот меѓу Путин и Зеленски со внимание се следеше во Киев. Украинскиот претседател Зеленски најави дека во текот на денот ќе разговара со Трамп, а го обвини Путин дека дава лажни ветувања. Порача и дека неговата земја мора да има место на преговарачката маса.
-Јас цело време сум искрен со американската страна. Со цела почит, и не сакам да навредам некого, но јас не сакам ние да бидеме на менито на Путин, ме разбирате. Ние не сме ниту салата ниту компот за овој човек и неговите апетити, а гледаме каков е. Ние сме самостојна држава и да се преговара за нас, а без нас не е правилно,- - Володимир Зеленски – Претседател на Украина.
Исходот од телефонскиот разговорт Трам-Путин е доказ дека н Русија нема намера да направи никакви отстапки, смета високата претставничка на Унијата Каја Калас. Во интервју за Скај Њуз порача дека нема доверба во Путин, но не даде конкретен одговор дали му верува и на американскиот претседател.
-Дали му верувате на Путин? Не, не му верувам на Путин, не. Мислам тој неколку пати покажа дека не може да му се верува./ Дали му верувате на претседателот Трамп? / Па, САД се наш долготраен сојузник и пријател-- Каја Калас – Висока претставничка на ЕУ за надворешна политика.
Русија и Украина во меѓувреме, во текот на денот најавија размена на 175 затвореници, а властите во Москва соопштија и дека како гест на добра волја ќе ослободат 23 ранети украински војници.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата