logo
logo
logo

Директорот на ЦИА потврди дека Трамп ја прекинал разузнавачката помош за Украина

Vecer | 05.03.2025

Директорот на ЦИА потврди дека Трамп ја прекинал разузнавачката помош за Украина

Тој за Фокс Бизнис Њуз изјави дека Трамп бил во право кога прашал дали украинскиот претседател Володимир Зеленски е посветен на мировниот процес, „поради што рече да направиме пауза“.

Ретклиф изрази надеж дека паузата наскоро ќе биде укината и ја истакна својата посветеност да работи со Украина за постигнување мир, по писмото на украинскиот претседател до Трамп, пренесува Си-Ен-Ен.

- И мислам дека ќе работиме рамо до рамо со Украина бидејќи треба да ја истераме агресијата што е таму, да го ставиме светот на подобро место за да можат овие мировни преговори да тргнат напред, рече тој.

Тој објасни дека САД веќе ја ограничиле размената на разузнавачки информации, вклучително и спроведувањето на помал број разузнавачки, надзорни и извидувачки летови кои би можеле да влијаат на офанзивните и одбранбените операции, вклучително и противвоздушната одбрана, бидејќи Украина зависи од американски разузнавачки податоци за надзор.

Претходно денеска, Фајненшл тајмс, повикувајќи се на извори, јави дека САД го прекинале споделувањето разузнавачки информации со Киев. Во исто време, Дејли Мејл објави дека Вашингтон и забранил на Велика Британија да споделува американски разузнавачки информации со Украина и дека забраната се однесува на британската разузнавачка служба GCHQ, шпионските агенции и разузнавачките ограноци на Министерството за одбрана на Велика Британија.

Според Дејли Мејл, на овие агенции им е забрането да споделуваат разузнавачки информации генерирани од САД, претходно познати како „Rel UKR“, што значи дозволено да се споделуваат со Украина (Releasable to Ukraine). /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk