logo
logo
logo

Директорот на ФБИ нареди големо прераспоредување на персоналот

Vecer | 22.02.2025

Директорот на ФБИ нареди големо прераспоредување на персоналот

Директорот на ФБИ Кеш Пател нареди големо прераспоредување на персоналот, испраќајќи 1.000 агенти на ФБИ од седиштето на Вашингтон во различни канцеларии на терен, јави Ен-Би-Си Њуз, повикувајќи се на тројца сегашни и двајца поранешни функционери на ФБИ.

Пател, исто така, наредил уште 500 агенти од штабот да одат во објектот на ФБИ во Хантсвил, Алабама.

Американскиот ТВ канал наведува дека ова прераспоредување „не е без преседан“, бидејќи Луис Фри, кога стана директор во 1993 година, наредил префрлање на одреден број агенти за надзор „од штаб на терен“. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk