Елизабет Хил-Бродиган (47), директорка на основното училиште Рузвелт, е уапсена по забавата „бела лага“ на 19 јануари, заедно со наставничката од трето одделение Карли Андерсон (45), објави Пипл.
Двете се соочуваат со обвиненија за занемарување на дете и придонесување за деликвенција на малолетник, а Хил-Бродиган исто така се соочува со кривична пријава како домаќин на отворената куќа.
Полицијата соопшти дека отишле во куќата на директорката околу 21 часот, откако добиле бројни поплаки за бучава, употреба на алкохол и дрога.
Некои соседи дури рекоа дека низ нивниот двор шетаат деца и ги пцујат, пишува Дејли Мејл.
Кога пристигнала полицијата, затекнала повеќе од 100 малолетници кои носеле исти маици, а некои од децата им кажале на полицајците дека во бројните црвено-бели ладилници во куќата имало многу алкохол.
Тие тврделе дека забавата била рекламирана на Snapchat и дека „забавите како оваа се случуваат еднаш или двапати месечно“ во куќата.
Директорката првично негирала дека има некаква врска со настаните во куќата, додека децата рекоа дека таа побарала од некои да ѝ помогнат околу подготовките за забавата и дека било „во ред“.
По пристигнувањето, полицијата пронашла момче како повраќа и се тресе на тревникот.
„За тоа време, полицајците ја виделе сопственичката на куќата, Хил-Бродиган, на патеката од нејзината куќа како ги гаси надворешните светла и влегува внатре, што ги натерало спасувачите да го искористат помошното осветлување на нивното возило за да му помогнат на малолетникот“, соопшти полицијата.
Во меѓувреме, наставничката Андерсон, во очигледно алкохолизирана состојба, наводно почнала да им вика на болничарите дека го ставиле момчето „во машина“, очигледно мислејќи на патролното возило.
Пред да пристигне полицијата во куќата, полицаецот ја повикал директорката, која тврдела дека не е дома и дека ќе се врати да го реши проблемот.
Сепак, учениците рекле дека таа била во куќата додека траела забавата.
Директорката била пуштена од притвор откако платила кауција од 3.500 долари, а наставничката платила 3.000 долари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата