logo
logo
logo

Директор на училиште во Пакистан со брза реакција спаси 900 ученици

Vecer | 18.08.2025

Директор на училиште во Пакистан со брза реакција спаси 900 ученици

- Беше точно девет часот наутро кога го погледнав потокот за последен пат и почувствував дека ќе се излее од своето корито поради континуираните дождови - изјави за Анадолија 59-годишниот Ахмад, директор на училиштето, пренесе Индекс.

Ахмад наредил итна евакуација на речиси 950 ученици. Во рок од 15 минути, децата и наставниците го напуштија училиштето. Неколку минути подоцна, поројот ја погоди зградата, носејќи половина од училиштето, неговата ограда и игралиштето.

- Околу 900 ученици беа присутни на 15 август кога поплавата го погоди нашето село и околните области, рече Сарвар Кан, локален советник, додавајќи: „Оваа навремена одлука на директорот спаси 900 животи“.

Поплавите веќе еднаш го уништиле училиштето

Училиштето било едно од десетиците образовни институции уништени во поплавите што опустошија неколку области во северозападната покраина Хајбер Пахтунхва, при што загинаа повеќе од 350 луѓе во последните три дена, соопштија официјални лица.

Ахмад, кој работи во училиштето 12 години, се присетил дека истата зграда била уништена за време на поплавите во јули 1995 година.

- Беше летен распуст, па немаше жртви. „Тој настан ми беше на ум кога решив да го евакуирам училиштето“, рече тој.

Пакистан е меѓу земјите најранливи на ефектите од климатските промени. Катастрофалните поплави во 2022 година поплавија една третина од земјата, при што загинаа повеќе од 1.700 луѓе и предизвикаа штета од околу 32 милијарди долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk