logo
logo
logo

Дипломатски разговори меѓу Украина и САД во вторник во Саудиска Арабија

Vecer | 07.03.2025

Дипломатски разговори меѓу Украина и САД во вторник во Саудиска Арабија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека следната недела ќе отпатува за Саудиска Арабија, но нема лично да учествува во преговорите, туку таа задача ќе ја преземат дипломати.

Зеленски изрази надеж дека средбата ќе биде „значајна“ и нагласи дека Киев работи на постигнување „брз и траен мир“.

Овие преговори доаѓаат откако Доналд Трамп одржа директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин и го прекина споделувањето разузнавачки информации и воената помош за Украина.

Трамп верува дека Саудиска Арабија е најдобро позиционирана да ги доведе Русија и Украина на преговарачка маса. Синоќа тој на новинарите им рече дека двете страни сакаат договор бидејќи немаат друг избор. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk