logo
logo
logo

Димни бомби во унгарскиот парламент- забранета е „Прадата на гордоста“ (ВИДЕО)

Vecer | 18.03.2025

Димни бомби во унгарскиот парламент-  забранета е „Прадата на гордоста“ (ВИДЕО)

Пратениците од опозициската партија Моментум запалија димни бомби, по што чад во различни бои ја покри собраниската сала, а истакнаа и фотомонтажи на кои се гледа како унгарскиот премиер Виктор Орбан и рускиот претседател Владимир Путин се бакнуваат, пренесува агенцијата.

Законот усвоен денеска им дозволува на властите да користат софтвер за да ги идентификуваат учесниците на потенцијалните собири на ЛГБТК заедницата.

Предлог-законот беше претставен од партијата Фидес на премиерот Орбан ден претходно. Законот предвидува присуството на Парадата на гордоста да се казнува до 546 долари, кои државата мора да ги одвои за заштита на децата.

На истата седница, парламентот усвои резолуција со која се отфрла задолжувањето на ЕУ за одбрана, откако Орбан минатата недела изјави дека Унгарија треба да учествува во одбраната на ЕУ и да придонесува во средствата наменети за неа, но да не учествува во заедничкото задолжување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk