Инцидентот се случил на 19 јуни минатата година, во провинцијата Џиангсу, неколку моменти откако госпоѓицата Ли почнала да плива како сирена, пишува Дејли мејл.
Над 100 конци
Во еден момент сосема неочекувано ајкула ја нападна девојката и ја зграпчи за рака! Сосема очајна, таа постојано го удирала морското животно по главата и очите, додека не ја пуштила.
После тоа била однесена во болница каде ѝ била направена петчасовна операција со над 100 конци. Повредата била доста длабока, а лекарите извадиле и заб од ајкула.
Жртвата верува дека морскиот предатор имал слаб вид, па ѝ ја заменил раката за храна.
Судска одлука
Имено, пред да влезе во водата, персоналот ги хранел ајкулите, но очигледно едната била сè уште гладна, па се приближила до девојката од десната страна и ја каснала.
Ли поднела тужба против аквариумот откако не успеале да постигнат договор за обесштетување, особено затоа што претрпела сериозно оштетување на раката.
Народниот суд во Вукса пресудил дека аквариумот сноси 70 отсто од одговорноста за инцидентот, а тужителката 30 отсто, со оглед на тоа што таа не ја набљудувала доволно околината.
Компанијата која стопанисува со аквариумот добила налог да ѝ плати речиси 17.000 евра на жртвата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата