logo
logo
logo

Девојка починала во автобус- на телото ѝ биле залепени 26 Ајфони

Vecer | 03.08.2025

Девојка починала во автобус- на телото ѝ биле залепени 26 Ајфони

Младата жена, чиј идентитет не е објавен, починала од срцев удар на 29 јули, според извештаите на неколку медиуми, вклучувајќи го и Дејли Мејл.

Полицијата се сомнева дека се обидувала да ги прошверцува телефоните, објавува „Њујорк Пост“.

Патниците во автобусот рекле дека младата жена, која патувала сама, се струполила на подот, според извештаите на медиумите.

Луѓето рекле дека се струполила и починала кога автобусот застанал во град во централниот регион Парана во Бразил.

Службите за итни случаи се обидувале да ја реанимираат 45 минути, но подоцна рекле дека не го преживеала нападот. Таа била прогласена за мртва на местото на настанот.

Додека се обидувале да ја спасат, медицинските лица откриле пакети залепени на нејзината кожа. Пакетите се покажале како 26 iPhone-и. Полицијата, исто така, пронашла неколку шишиња алкохол во нејзиниот багаж, објавува „Њујорк пост“.

Тамошната полиција чека форензички извештај пред да може да ја утврди причината за нејзините тешкотии со дишењето и срцев удар. Телефоните сега се во рацете на Федералната даночна управа на Бразил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk