logo
logo
logo

Детали за пожарот во училиштето во Кенија, бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми

Vecer | 06.09.2024

Детали за пожарот во училиштето во Кенија, бројот на жртвите најверојатно ќе се зголеми

Засега не е позната причината за пожарот кој го зафати машкиот дом во кој имало 156 момчиња.

Кенискиот претседател Вилијам Руто го окарактеризира овој настан како „страшен“ и „шокантен“ и нареди истрага, пренесува Би-би-си.

Пожарот избувна во академијата Ендараша Хилсајд во Ниери, изјави портпаролката Ресила Онианго во емисијата на кениското радио Hot 96 FM.

Локалната граѓанска телевизија објави дека телата на учениците биле запалени до непрепознатливост.

Локалниот функционер Самсон Мванги Мвема изјави дека пожарот избувнал околу 23:00 часот по локално време и дека тој самиот се вклучил во очајните напори да ги спаси момчињата кои биле заглавени во ученичкиот дом.

„Никој не знаеше како започна пожарот... Но, повеќе од 2.000 луѓе се обидуваа да ги спасат“, рече тој.

Според него, некои деца биле под креветот и успеале да ги спасат, а некои воопшто не се ни здобиле со изгореници.

Мвема истакна дека ова училиште е едно од најдобрите во регионот.

Училиштето има 824 ученици, од кои 402 се момчиња и 422 се девојчиња, а 316 ученици се во интернатот, соопшти Би-Би-Си, повикувајќи се на соопштение на кениските власти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk