Во еден од најкрвавите напади од почетокот на реобновениот дијалог, во руски напад загинаа најмалку 15 лица во источниот регион Доњецк.

Цел на нападите биле градот Добропилија и Харков.. Најмалку 40-мина се ранети, меѓу нив и 5 деца. Оштетени биле пет згради, една управна зграда и противпожарно возило.

Ова е еден од првите напади откако САД ја запре помошта и размената на информации со Украина, а лимитиран им е и пристапот до сателиските снимки. Претседателот Зеленски посочи дека состојбата на терен покажува оти руските цели во војната се непроменети и побара дополнителни санкции за Кремљ.

-Украина е подготвена за мир што е можно поскоро, ние предложивме конкретни чекори, а секој ден, новите Руски напади и самата реалност потврдуваат дека Русија е таа која мора да биде присилена на мир и да ја запре војната, односно кон вистинска дипломатија, во гарантирана безбедност и во сигурен и траен мир,- Володимир Зеленски – Претеседател на Украина.
Во меѓувреме, по дипломатското фијаско во овалната соба, САД и Украина седнуваат маса, прв пат, на ниво на делегации. На кое ниво ќе биде средбата во вторник во С.Арабија во вторник засега останува непознато. Познато е дека , Зеленски ќе биде во Ријад, но не како дел од делегацијата. Американскиот претседател Трамп вели дека во Москва гледа полесен соговорник.

-Да бидам искрен, потешко ми е да се договарам со Украина, а тие ги немаат адутите. Во однос на добивање на конечен исход, можеби е полесно да се договориме со Русија, што е изненадувачки, но ги имаат адутите, а во моментов жестоко ги бомбардираат. Мислам дека тој(Путин) го прави тоа што секој би го направил, мислам дека сака да биде запрено и завршено и мислам дека ги напаѓа посилно од што ги напаѓаше и мислам дека секој во таа позиција би го правел што тоа го прави тој во моментов,- Доналд Трамп – Претседател на САД.
Односите меѓу Вашингтон и Брисел и натаму се на ниво на игра на нерви. Единството кое требаше Унијата да го демонстрира на специјалниот Самит беше нарушено од страна на унгарскиот премиер Орбан кој одби да ги поддржи заклучоците на Унијата. Првиот човек на Европскиот Совет Кошта оцени дека Унгарија со тоа се изолирала од останатите 26 земји членки, по што Орбан врати дека ЕУ е таа што е изолирана поради нарушените односи со САД, Русија и Кина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата