Многу демонстранти во Букурешт свиреа и вееја романски знамиња, додека други вееја транспаренти со пароли како „демократијата не е изборна“ и „сакаме слободни избори“. Многумина повикаа и на продолжување на претседателската трка и одржување на втор круг од изборите.
Протестот беше организиран еден месец откако Уставниот суд направи потег без преседан и ги поништи изборите на само два дена пред вториот круг на 8 декември.
Екстремно десничарскиот популист Калин Георгеску шокираше многумина кога победи во првиот круг на 24 ноември, по што следеа обвинувања за изборни прекршувања и руско мешање.
Џорџ Симион, лидер на екстремно десничарската Алијанса за единство на Романците, на денешниот протест рече: „Протестираме против пучот што се случи на 6 декември“./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата