logo
logo
logo

Десетици илјади поддржувачи на Болсонаро протестираа против судскиот процес

Vecer | 08.09.2025

Десетици илјади поддржувачи на Болсонаро протестираа против судскиот процес

Десетици илјади приврзаници на поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, протестираа вчера– на Денот на независноста – против процесот што се води во Врховниот суд, кој оваа недела треба да ја соопшти пресудата против него по обвиненија за обид за државен удар.

Актуелниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва претходниот ден изјави дека Бразил нема да прифати мешање во внатрешните работи, алудирајќи на критиките и санкциите воведени од американскиот претседател Доналд Трамп.

Илјадници демонстранти облечени во жолто-зелени бои се собраа во Рио де Жанеиро, Сао Паоло и главниот град Бразилија во поддршка на Болсонаро, кој е во домашен притвор додека ја чека пресудата. Главната мета на нивниот револт беше судијата известувач по предметот, Алешандре де Мораеш.

Болсонаро е обвинет за обид да ја задржи власта и покрај изборниот пораз во 2022 година. Тој ги отфрла обвиненијата и тврди дека е жртва на политички прогон.

Дел од демонстрантите носеа и американски знамиња, откако Трамп воведе 50 отсто царини на бразилскиот извоз за САД и го осуди процесот како „лов на вештерки“. Трамп исто така воведе санкции против судијата де Мораеш.

Во повеќе градови одржаа собири и илјадници приврзаници на Лула да Силва, кои му изразија поддршка на Врховниот суд. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk