logo
logo
logo

Десет жртви во дождови и свлечишта во Шри Ланка

Vecer | 09.11.2021

Десет жртви во дождови и свлечишта во Шри Ланка

Во силните врнежи и свлечишта во неколку региони на Шри Ланка загинале најмалку десет лица, а 15.000 луѓе морале да ги напуштат своите домови, објавија во вторникот тамошните власти.

Есктремните временски услови во изминатите три дена предизвикале оштетувања на домовите и на земјоделските земјишта ширум земјата.

Во лизгање на почвата во две области загиначе четири лица во понеделникот вечерта. Во Рамбукана, 95 километри источно од главниот град Коломбо, загинале три члена на четиричлено семејство затрупани во свлечиште. Четвртото лице е спасено, а телата на трите члена на семејството се извлечени, соопшти полицијата.

Во централната област Нармала, во свлечиштата загинала 23-годишна жена. Други шест лица загинале во неделата во поплавите и свлечиштата.

Под вода останале хектари земјоделско земјиште. Оштетени се повеќе од 50 куќи, а не можат да се користат неколку главни патни правца во различни делови на земјата.

Во повеќето региони на Шри Ланка обилните врнежи се поради атмосферските нарушувања во Бенгалскиот залив, предупредуваат метеоролозите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk