logo
logo
logo

Десет годишно дете загина, вклучувајќи ги новогодишните светла, сестрата се обидела да го спаси

Vecer | 05.12.2023

Десет годишно дете загина, вклучувајќи ги новогодишните светла, сестрата се обидела да го спаси

Момчето во онесвестена состојба го пронашол неговиот татко, кој се згрозил од сцената, но брзо повикал брза помош, пренесува Мирор.

Брзата помош го пренела момчето во болница каде му била укажана лекарска помош, но за жал, во саботата рано наутро на одделението за интензивна нега починало.

- Се обидов да го оживеам, направив сѐ што можев. Во текот на мојот работен век успеав да им помогнам на многу луѓе, но не и на него. Беше толку среќен што доаѓа Нова година и Божиќ, поради украсувањето - изјави сестрата Каролина Далмаз, која се обидела да му пружи прва помош на својот брат додека семејството чекало да дојдат медицинските работници.

Смртта на Аугусто доаѓа како тежок удар по веста за смртта на неговиот дедо пред само неколку недели.

- Пред неколку недели го загубивме дедото на Аугусто, сега и ова - рекол вујкото на момчето, Хеберт Бонато.

Момчето било погребано вчера, а неговата смрт шокира многумина.

- Моето момче нè напушти, срцето ми се кине од оваа болка. Нема зборови за да се опише оваа тага. Оди си со Бога, синко. Ми донесе радост и незаборавни моменти - рекла мајката на момчето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk